Хески има решение за Александер-Арнолд: Тоа би бил добар трансфер за него…

Трент Александер-Арнолд одлучи да ја напушти татковината и матичниот клуб Ливерпул во 2025 година, односно тоа го направи за да се пресели во Реал Мадрид.

Тоа на хартија изгледаше како одличен трансфер за двете страни, меѓутоа наместо Трент да „гази“ на таа десна страна тој комплетно го загуби статусот на првотимец. Тој имаше проблеми во првата сезона, не беше прва опција на таа страна и кај Чаби Алонсо и Алваро Арбелоа, но веруваше дека доаѓањето на Жозе Мурињо ќе донесе подобри времиња за него, меѓутоа во моментов е дури трета опција, па Феде Валверде кој не е десен бек е пред него плус Дензел Дамфрис.

Поради ова има доста шпекулации околу неговата иднина, се говори за потенцијално враќање на островот, се споменуваат Ливерпул, Манчестер Сити, Челси…но според Емил Хески најдобро решение за Трент би било ако би можел да заврши во Баерн Минхен.

-Баерн Минхен би бил добар трансфер за Трент Александар-Арнолд. Германската лига, Бундеслигата, е многу конкурентна. Тој би бил во најголемиот клуб таму, а тоа би било неверојатно за него, но би сакал да го видам назад во Ливерпул, -смети Хеско кој ја отфрли опцијата Манчестер Јунајтед.

-Но, Манчестер Јунајтед? Не, не мислам дека некогаш би го направил тоа. Мислам дека повеќе би сакал само да седи на клупата во Мадрид и да го вежба шпанскиот јазик ако тоа му е единствениот излез, -заклучи некогашниот англиски репрезентативец.