Само една македонска компанија меѓу 100-те најголеми во Југоисточна Европа

 

Само една компанија од Македонија успеала да обезбеди место меѓу 100-те најголеми компании во Југоисточна Европа, според најновото рангирање SEE TOP 100 на регионалниот економски медиум SeeNews, објавено во ноември 2026 година.

 

Станува збор за „Џонсон Мети“, која со годишни приходи од 1,82 милијарди евра го зазема 42. место на регионалната листа, составена врз основа на финансиските резултати за 2025 година.

 

Иако компанијата останува убедливо најголема во Македонија според приходите, нејзината позиција на регионалното рангирање е влошена за десет места во споредба со претходната година.

 

„Џонсон Мети“ падна за десет позиции, но ја зголеми добивката

 

Според извештајот, „Џонсон Мети“ во 2025 година остварила приходи од 1,82 милијарди евра, наспроти 1,92 милијарди евра во 2024 година.

 

Тоа претставува намалување од приближно 5 проценти.