Околу еден час по полноќ, студент на Правниот факултет на Универзитетот во Белград, Петар Живковиќ, бил нападнат од маскирана група од пет навивачи и членови на ултрас групар кои го удриле неколку пати во главата, по што бил однесен во Ургентниот центар, соопштија студентите на тој факултет во блокада, пренесува српскиот Н1.
Тие на Инстаграм објавија дека Живковиќ бил нападнат додека излегувал од бар, каде што биле неколку студенти од Правниот факултет.
„Петар го пречекала група мажи, кои потоа се нафрлиле врз него и кон две колешки со коишто тој бил. За време на тепачката добил неколку удари во главата и отворени закани. Колегките биле турнати настрана и избегале од страв, барајќи помош. Кога групата мажи избегала, Петар бил однесен во Ургентниот центар и биле утврдени повреди на главата и лицето“, напишале студентите во објавата.
НАПАДНУТИ СТУДЕНТИ ПРАВНОГ ФАКУЛТЕТА
Студент Правног факултета Универзитета у Београду, Петар Живковић, нападнут је вечерас око 1:30 од стране маскиране групе од 4–5 навијача.
При изласку из локала у ком је било неколико студената Правног факултета, Петра је сачекала група…
— Правни у блокади (@blokadapravni) June 4, 2025