Муцунски утре во Атина на состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“

На покана на грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис, шефот на македонката дипломатија Тимчо Муцунски утре во Атина ќе учествува на министерскиот состанок на Групата „Пријатели на Западен Балкан“.

Групата ја сочинуваат Италија, Австрија, Грција, Чешка, Словачка, Хрватска и Словенија, а нејзината цел е поддршка на забрзувањето на пристапниот процес и интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската Унија.

Состанокот е дел од редовниот политички дијалог со земјите од регионот, а во фокусот ќе бидат следните чекори и можностите за постигнување натамошни видливи резултати во ЕУ-пристапниот процес.