Гаштаров за мајсторијата против Гент: Овој гол го посветувам на…(ВИДЕО)

Црвена Звезда остана непоразена на гостувањето во Белгија кај Гент во рамките на четвртото коло од лигашката фаза во Конференциската лига.

Домаќините долго време имаа минимална предност (1-0), предност која ја имаа до 85 минута кога на сцена стапи македонскиот фудбалски талент Матеј Гаштаров кој веројатно го постигна најубавиот погодок на сениорско ниво.

Гаштаров прими топка на некои 25-30 метри по што тргна во соло акција, се ослободи од тројца противнички играчи по што следуваше мајсторски прецизен удар кој заврши во мрежата на Гент за 1-1 и бод на српскиот шампион на овој натпревар.

-Можевме повеќе, мислам дека требаше да го добиеме овој натпревар посебно со играта во второто полувреме. Среќен сум поради голот, одиме понатаму. Голот му посветувам на моето семејство. Благодарност за навивачите, кои секогаш се нашиот 12-ти играч, -порача македонскиот репрезентативец.