Само три дена пред „подвигот“ на бугарските европратеници со одложувањето на извештајот на Европскиот парламент за Македонија поради најавеното признавање на македонскиот идентитет и јазик во него, „непостоечките“ Македонци од Бугарија „предварително“ им ги избија аргументите во селото Тешово, Пиринска Македонија.
По чествувањето на 119-годишнината од убиството на локалниот војвода Атанас Тешовски – Тешовалијата со традиционалниот семакедонски собир, организиран од локалните структури на Обединетата македонска организација „Илинден“ – ПИРИН, во видеото на денот се пее за „море егејско“, „извор охридски“, „гора пиринска“ и „мајка Македонија“.
Каква мајка те родила,
кажи моме што си толку убава?!Очи ми се море егејско,
лице ми е извор охридски,
снага ми е гора пиринска,
мајка ми е Македонија!!!
🎶🔊– село Тешово, Пиринскиот дел на Македонија, 1 јуни 2025 година pic.twitter.com/wkrbJ4k8Vr
— Пиреј (@ekakodane) June 3, 2025