Николоски: Договорот со Велика Британија е уникатно партнерство, со голема политичка додадена вредност за Македонија

Според него, договорот со Обединетото Кралство има структурна компонента, има и подршка во реформи, подршка на здравството, образованието, финансиска компонента, но на прво место е политичката компонента.

„Имаме држава за партнер од која Македoнија може само многу да добие. Ние со децении зборуваме дека на Македонија ѝ е потребна голема држава како покровител. За жал претходните влади не направија ништо за таква држава да застане зад нас, а еве ние успеавме втората најмоќна сила да застане зад нас и затоа велам дека договорот е историски и 22 мај ќе остане запаметен во македонската историја и долго ќе се зборува за тој датум, како датум во којшто Македонија оствари партнерство со Велика Британија и тоа партнерство е уникатно, имајќи предвид дека никој друг во регионот  нема потпишано таков договор и тој носи голема, голема додадена вредност во себе“, потенцира вицепремиерот Николоски во емисијата „Вечерно шоу со Богдан Илиевски”.

Целиот процес, нагласува министерот Николовски, е транспаретен.

„Критиката од опозицијата е добра, бидејќи ние решивме целиот процес да го водиме транспарентно, за разлика од претходните времиња и претходните влади. Видовте дека ние целиот договор го доставивме  во Собрание. Не рековме дека е таен, или дека е државна тајна. Гледате дека за секој чекор ја информираме јавноста и мислам дека тоа што опозицијата критикува им се враќа како бумеранг, затоа што имаме целосни информации за јавноста за тоа што се случува“, вели Николовски.

INFO