Ниту еден субјект, велат од ВМРО-ДПМНЕ, правно или физичко лице, не дава поклон од 130.000 евра, на лице со кое нема роднинска поврзаност.
„А кога лице кое нема роднинска поврзаност со друго лице, добива поклон од 130.000 евра, сосема јасно е дека станува збор или за затајување данок, или за перење пари или за тргување со влијание. Кога имаме случај за поклон од 130.000 евра а се работи за политичар, пратеник и лидер на опозиција, сосема е јасно дека станува збор за нешто скриено. ЈО води постапка за ист ваков случај за Пеце Мирчевски, директор на СОЗР во време на СДС. Мирчевски се товари дека добил два автомобила од фирма која добивала тендери. Мирчевски е обвинет за несовесно работење во службата од член 353-в став 3 во врска со ставовите 2 и 1 од Кривичниот законик. Зошто ЈО молчи за Филипче, дали затоа што е претседател на СДС па Филипче има повластен третман Која е причината што ЈО молчи за идентичен случај и има различен третман во однос на поклонот на Мирчевски и поклонот Ауди на Филипче? Со што Филипче ги уценува ЈО за да не постапуваат? ЈО да отвори постапка, во спротивно премногу јасно и очигледно е дека работат во интерес исклучиво на Филипче и СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.