(Фото) „Очајната домаќинка“ блеска на 60 години: го покажа своето лице без ботокс

Прославената актерка Тери Хачер, која публиката ја засака во серијата „Очајни домаќинки“ како Сузан Мејер, ги воодушеви сите со својот изглед.

Актерката неодамна имаше спектакуларен настап на Канскиот филмски фестивал.

Тери покажа дека ништо не може да го замени гламурот и елеганцијата и дека не мора секогаш да бидете провокативни за да привлечете внимание.

За шоуто Ernsting’s Family во Хамбург, таа избра темно сино одело со едвај видливи цветни мотиви. Комплетот се состоеше од долго сако и панталони кои визуелно ја издолжуваа нејзината фигура.

Под сакото носеше едноставна блуза во истата нијанса, а ја комбинираше со црни чевли.

Нејзината препознатлива насмевка беше присутна цело време додека Тери трпеливо позираше за насобраните фотографи.

Иако многумина претходно шпекулираа дека таа направила некаков вид козметичка корекција, Тери објави фотографија од себе без ниту грам шминка пред повеќе од десет години и истакна дека тоа е нејзиното лице без филери или ботокс, и дека го обожава со сите негови несовршености.

И сега беше јасно дека Тери ја цени својата природна убавина и ги прифаќа годините со сите нејзини доблести и недостатоци, и едно е сигурно, таа изгледа одлично.

INFO