За предметот „Пулс“ ќе се суди во скопскиот основен кривичен суд

Предметот за катастрофата што се случи во Кочани на 16 март, а во која животот го загубија 63 лица, ќе се префрли во Скопје, одлучија денеска во Врховниот суд.

„Советот за казниви дела при Врховниот суд, денес на 25 јуни 2025 годинa донесе Решение КР-35/25, со кое за стварно и месно надлежен суд за постапување по предметот КООА.бр.13/25 на Основен суд Кочани, оформен во врска со пожарот кој се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“, го определи Основниот кривичен суд Скопје“, информираат денеска во судот.

Во Кривичниот суд во Скопје ќе им се суди на 34 лица обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, откако кочанскиот суд се иззема.

 

INFO