Дарко Ѓукиќ се враќа во Македонија, ќе биде ново засилување за Охрид

Српската ракометна колонија во Охрид се зголемува. Српскиот репрезентативец Дарко Ѓукиќ е најновото име во составот на „гладијаторите“ кои за следната сезомна подготвуваат сериозен проект кој треба да влезе во битка со Е. Пелистер, Вардар и Алкалоид за домашните трофеи.

Ѓукиќ се враќа во Македонија по една година, со договор со охриѓани на две години. Ѓукиќ минатата сезона ја помина во Динамо Букурешт, а сега треба да биде одлично засилување за Охрид во походот кон врвот на македонскиот ракомет.

INFO