Велковски: Не можеме да си играме со пензискиот систем, па наши граѓани да останат без примања во пензионерските денови

Ова вечерва во Кочани го изјави заменик минстерот за труд, социјалана политика и млади, Ѓоко Велковски, на трибината насловена „Граѓаните во центарот на промените – работиме за подобар живот на сите, со фокус на пензионерите“, одговарајќи на прашање од граѓаните дали се планира во септември ново линеарно зголемување на пензиите.

Според заменик минстерот формирано е владино тело од стручни лица кои работат токму на промените во пензискиот систем.

„Не може ден за ден да се решава, не можеме сега, во јули, набрзина да донесеме одлука што да се прави во септември, па да направиме штета на голем дел од вас. Сепак, односот помеѓу најниската и највисоката пензија веќе не 1:7, туку е 1:4 откако го реализиравме претходно ветеното линеарно покачување од 5 000 денари“, додаде Велковски.

На трибината беше даден предлог од учесник во дискусијата да се размисли за процентуално и скалесто покачување на пензиите, повисоките пензии да бидат зголемени со помал, а пониските со поголем процент, при што Велковски го поддржа предлогот.

На вечерашната панел дискусија во Кочани учествуваше и професорот Лазар Јовевски, советник во кабинетот на претседателот на Владата.

 

INFO