Повреден војник што се борел со пожарот во Штип спасен со полициски хеликоптер

Повреден припадник на македонската Армија денеска бил спасен со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи од пожарот што е активен во близина на Штип.

Како што информираа од МВР, полициски службеници го евакуирале С.Н. од првата пешадиска бригада од Штип, кој се повредил за време на неговата борба со огнената стихија. Спасувачката акција се одвивала во исклучително тешки услови, а во неа учествувал и полициски хеликоптер.

INFO