Грета Тунберг учествуваше на блокада во Белград

Грета Тунберг ја посети Србија и присуствуваше на блокада во Нов Белград. Таа е во Белград за да ја поддржи локалната борба за слобода, против корупцијата и против експлоатацијата на природните ресурси.

Тунберг, во изјава за порталот „Машина“, вели дека во последните денови ги посети земјите во регионот, Албанија, Македонија, Косово, Црна Гора, а планира да ги посети и Босна и Херцеговина и Хрватска.

„Се поврзав со локални активисти и научив многу за тоа како борбата за правда и чиста животна средина е неразделно поврзана со борбата против смртоносниот фашизам и национализам“, изјави Тунберг.

INFO