Македонски концепт бара кандидати за советници и градоначалници за локалните избори

Ваша општина – ваша одлука – наша поддршка е мотото со кое Македонски концепт ги повикува граѓаните на Македонија да се пријават на отворениот повик за кандидирање за советници и градоначалници за претстојните локални избори.
„Почитувани сограѓани, на локалните избори ја избирате иднината на вашата општина, вашето маало, вашето семејство. Одлучувате за квалитетот на животот, таму каде што живеете, работите и ги одгледувате вашите деца. Таму каде што ја создавате вашата иднина. Македонски Концепт верува дека најдобрите одлуки ги носат самите граѓани. Затоа, вие ги предлагате кандидатите – ние целосно ве поддржуваме! Вашата одлука е конечна, а ние ќе застанеме зад вашите луѓе и ќе обезбедиме нивна верификација пред надлежните изборни органи. Повикуваме личности кои се чесни и со висок личен интегритет – без разлика на степен на образование, признати и почитувани во својата локална заедница, посветени на јавниот интерес, а не на лична корист и подготвени за транспарентно и одговорно работење во служба на граѓаните. Не е услов да сте член на Македонски Концепт, важно е да имате желба и сила да работите за својата општина и народот, а не за партијата“, се наведува во соопштението на партијата.
Сите заинтересирани кандидати треба да испратат име и презиме, за која функција се пријавуваат (советник или градоначалник) за која општина како и лични податоци како што се број на телефон, елетронска пошта доколку заинтересираниот кандидат ја има и адреса на живеење. Документите треба да се испратат на https://docs.google.com/…/1FAIpQLSdncXTdllYB2V…/viewform или на [email protected]
Рок за пријавување е 20 август 2025 година.
„Ако веруваш во промени, чесно и транспарентно владеење и политики во служба на граѓаните – ова е твојата шанса да бидеш дел од новата политичка реалност во Македонија. Придружисе на Македонски концепт, партија која ги поддржува вашите кандидати и вашите одлуки. Заедно градиме иднина! Македонија на прво место“, велат од Македонски концепт.
INFO