Муцунски во Брисел, тема на средбите со Кос и Копман европската агенда на Македонија

Во рамки на посетата, како што информираа од неговиот кабинет, се планирани средби со еврокомесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, како и со генералниот директор на Директоратот на Европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман.

На средбите, како што е најавено, ќе се разговара за теми поврзани со европската агенда на Македонија, реформската агенда на земјата и натамошните чекори во процесот на пристапување во ЕУ.

INFO