„Добивме грант од ЕУ од 5,3 милиони евра за изработка на еколошка студија, физибилити студија и подготовка на тендерска докумeнтaција. Почнува во септември и по сите европски правила трае 18 месеци што значи дека ние за 18 месеци би ги имале студиите и после 18 месеци да ги објавиме тендерите. Некаде за две години би имале избран изведувач и за две, две и пол години целосно да ја реконструирамe пругата Скопје-Јегунове-Тетово-Гостивар – Кичево. Понатаму да се стави електрификација и да се стави модерни системи за сообраќај до 120 километри на час“, истакна Николоски во гостување на Сител.
Во однос на набавка на нови патнички возови тој додаде дека следи набавка на две нови локомотиви и репарација на 11 постојани локомотиви.
„Владата донесе одлука за соработка меѓу МЖ Транспорт и ЕБРД со цел репарација на 11 постојани локомотиви, дел електрични, дел дизел и сите се за карго транспорт како и набавка на 2 нови локомотиви и со една флота од 13 локомотиви товарниот сообраќај го решаваме. Кога ќе стигнеме некаде пред две години пред завршување на пругите ќе започнеме и набавка на нови возови затоа што отприлика набавката трае шест месеци и добавувачеите бараат отприлка година дена да ги достават возовите и треба одреден период да се обучи кадар за новите возови“, истакна вицепремиерот Николоски.
Николоски, исто така, посочи дека очекува подобар квалитет, пониски цени и конкуренција на пазарот со влезот на третиот мобилен оператор.
„Очекувам да се разбие дуополот кој што сега постои. Невозможно е да имаме два оператори кои го делат пазарот 51-49, тоа никаде го нема и не може да најдете ситуација каде цените им се горе-доле исти и услугите им се исти, нема втор пример таков. И уште минатата година кажав дали ќе има трет оператор зависи исклучиво од однесувањето на двата постојaни оператори. Наместо да вложат во квалитет, да ги намалaт цените, тие беа инертни, повремено ме напаѓаа мене лично и Владата исто така ја напаѓаа и не успееа во тоа и приридо е да се јави конкуренција, природно е таа конкуренција да понуди подобар квалитет и пониски цени и ќе се натпреваруваат меѓу себе. Тоа е пазар, наша работа е да го овозможиме тоа, а тие да се натпреваруваат меѓу себе“, изјави Николоски.