ДУИ и Вреди со меѓусебни обвинување за контакти со „српскиот“ и некој друг свет

Понатаму во соопштението се инсистира, доколку овие информации се точни, дека јавноста мора да биде запознаена со мотивите, содржината и последиците на таков состанок.

„Секоја непрозирност во врска со меѓународни финансиски интереси отвора сериозни сомнежи за политичко влијание и зависност. Затоа, ги повикуваме сите инволвирани страни – градоначалникот на Куманово, заменик-премиерот Стоилковиќ и Изет Меџити  да дадат јасни и навремени појаснувања пред јавноста“, порачуваат од ДУИ.

Јавноста, а и ДУИ, не чекаа долго за одговор од коалицијата Вреди, каде еден од лидерите е токму вицепремиерот Изет Меџити.

„Реакцијата на ДУИ дека Изет Меџити се сретнал со Вулин е вистинита исто колку можноста Артан Груби да биде тргнат од црната листа на САД пред локалните избори“, се вели во соопштението од коалицијата Вреди

Од Вреди потсетуваат на, според нив, две неспорни вистини кои граѓаните веќе ги гледаат.

„Прво, Бујар Османи имал средба со бегалецот Никола Груевски. Познати се и местото и времето на таа средба, како и темата на разговорот.

Второ, нападите што деновиве ги упатуваат кон Вреди и кон нашите лидери се лага и се ништо друго освен паника, бидејќи очекуваа дека нивната соработка со Груевски и Мијалков ќе остане тајна и без докази.

Реакцијата на ДУИ дека Изет Меџити се сретнал со Вулин е вистинита исто колку можноста Артан Груби да биде тргнат од црната листа на САД пред локалните избори. Ја разбираме нервозата во ДУИ, но лагите на Бујар не се правдаат со нови лаги.

Албанците бараат одговор која е вистинска причина за средбите на Бујар со Груевски во Будимпешта? Еве им две опции за заокружување: опција А) Бујар му ветил дека ќе го врати во Македонија, и опција Б) Бујар му барал помош и му рекол дека ако победи во Чаир ќе го симне Али Ахмети од тронот во ДУИ“, наведуваат неколку можности од Вреди, како реакција на соопштението на ДУИ .

Понатаму од Вреди велат дека Бујар Османи не е жртва на туѓи игри и дека тој е свесен и активен учесник во тие договори.

„Тој е човекот кој со години го одржуваше системот на Али Ахмети, кој беше министер на Груевски, кој им овозможи на Груевски и Мијалков да ја контролираат државата и да изградат финансиска империја.

Вреди порачува: Бујар Османи не може да избега од одговорност. Тој има избор, да ја признае вината и да се повлече од политиката, или засекогаш да остане запаметен како лице кое свесно соработувало со најголемите штетници за државата и Албанците“, реплицираат од Вреди.

 

INFO