Бензините ЕУРОСУПЕР БС – 98, ЕУРОСУПЕР – БС 95 како и дизел горивото, од ноќеска на полноќ поскапуваат за два денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
„Од 29 април максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 73,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 75,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,00 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 65,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 37,155 (денари/килограм). Малопродажните цени на бензините и на дизел горивото се зголемуваат за 2 денари, а малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 1,5 денар“, информира РКЕ.