Митева го осуди насилството врз девојката во Охрид

Портпаролката на Владата и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, го осуди нападот врз младата девојка во Охрид и побара Јавното обвинителство да постапи итно и без одолговлекување.

Во објава на Фејсбук, Митева порача дека случајот мора целосно да биде расчистен и дека треба да има правда за жртвата.

„Остро и недвосмислено го осудувам насилството врз младата девојка во Охрид. Очекувам Јавното обвинителство да дејствува итно, без одолговлекување! Случајот мора целосно да се расчисти и да има правда!“, напиша Митева.

Таа нагласи дека насилството е недозволиво и дека не постои оправдување за него.

„Насилството е недозволиво, нема оправдување, ниту смее да има премолчување или релативизирање!“, порача Митева.