Товарен авион на ДХЛ се урна во куќа слетувајќи на аеродромот во Вилнус во Литванија, при што загина едно лице, а беа повредени уште три други во авионот, пренесува Гардијан.
Летот бил управуван од компанијата „Свифтер“ во име на ДХЛ. Авионот полетал од Лајпциг, Германија, пред да се урне околу 5.30 часот, изјави портпаролот на националниот центар за управување со кризи. Портпаролот изјави дека засега нема индикации дека имало експлозија пред несреќата.
„Во моментов немаме никакви податоци дека имало експлозија. Сите луѓе во куќата преживеале“, изјави тој.
Полицијата на прес-конференција соопшти дека 12 лица биле евакуирани од куќата што ја удрил авионот. Спасувачките служби соопштија дека авионот удрил во земјата и се лизгал најмалку 100 метри пред да удри во куќата.
Шефот на националниот центар за управување со кризи изјви дека се истражува причината за несреќата. Пожарникарите биле видени во 7.30 часот како истураат вода врз зграда за чадење на околу два километри северно од пистата на аеродромот. Во близина било забележано големо присуство на полиција и брза помош, а главните улици во близина биле блокирани.