Вкупно 352 бугарски државјани го оствариле своето право на глас во седумте избирачки места на територијата на Македонија на денешните избори за претседател и потпретседател на Бугарија.
Според податоците од избирачките места, во просториите на бугарската амбасада во Скопје гласале 105 избирачи, додека во Генералниот конзулат на Бугарија во Битола гласале 49 бугарски државјани.
Во Охрид гласале 51 лице, во Струмица 44, во Кавадарци 39, а во Кочани и Прилеп по 32 избирачи.
Вкупниот број на гласачи во Македонија е помал во споредба со претходните изборни циклуси. На предвремените парламентарни избори во Бугарија во април оваа година гласале 462 бугарски државјани во земјава.