Подготвени сме да го олесниме дијалогот меѓу Скопје и Софија, според модалитети кои ќе бидат усогласени со двете страни, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле Риголер за ТВ 24.
Во интервју за емисијата „Европат“, амбасадорот Ле Риголер порача дека кружат многу идеи, илузии и фантазии за разговори зад сцена. Вели дека Франција и многу други земји членки се силно посветени Македонија да излезе од ќор-сокакот, а идеите кои кружат се обидуваат да ги стават на маса.
За случајот „Ива Михајлова“, амбасадорот Ле Риголер порача дека не смее да се заборави најважната цел – правдата мора да биде задоволена. Нагласи дека, имајќи предвид дека во случајот има жртва, правдата мора да се испорача на нејзините најблиски.