Фудбалската репрезентација на Аргентина доживеа пораз од лутиот ривал Уругвај со 1-2 на пријателскиот натпревар одигран во Буенос Аирес, што воедно беше и прв настап за „гаучосите“ по официјалното репрезентативно пензионирање на Лионел Меси.
Покрај резултатскиот неуспех, вечерта на легендарната „Ла Бомбонера“ ја одбележаа и невообичаено празни трибини, кои беа резултат на своевиден бојкот од фановите за нереално високите цени поставени од АФА (аргентинската Федерација).
За првпат по подолго време, култниот стадион беше далеку од распродаден, што светските медиуми го оценија како тажна и срамна слика за актуелниот јужноамерикански првак и светски вицешампион, чија публика се уште не може да се помири со заминувањето на својот капитен.
Аргентина имаше доминација во поседот на топката (72 проценти) и создаде повеќе шанси, но недостасуваше препознатливата креативност и завршница во нападот без Меси. По мирното прво полувреме без голови, гостите предводени од новиот селектор Диего Форлан зададоа два брзи удари на стартот од вториот дел.

По влегувањето во игра на младиот Џанлука Престијани, играта на домаќините живнa, а токму неговиот одличен продор по левата страна заврши с гол на Алварез за конечни 1:2.