Томас Вајц цел на закани и клеветничка кампања од Бугарија

Бугарските европарламентарци забележаа дека Вајц имал средби со политичарите од Македонија, но не и со политичари од Бугарија. Вајц за „Политико“ изјави дека за него е стандардна практика да се среќава со претставници од земјата кандидат за која се пишува извештајот (Македонија), а не политичари од соседите (Бугарија).

Освен ова, бугарските европарламентарци изјавија дека пратеникот задолжен за извештајот бил премногу близок до земјата кандидат.

Во средата Европскиот парламент го одложи усвојувањето на извештајот за напредокот и пристапувањето на Македонија во Европската Унија до крајот на јуни.

Во писмото на 17 претставници на Бугарија во Европскиот парламент се осудува известувачот Томас Вајц, пратеник на Зелените од Австрија, со тврдењето дека Владата на Македонија влијаела врз неговото водење на преговорите и дека тој го игнорирал насилството врз бугарското малцинство таму.

Вајц за „Политико“ изјави дека за него е стандардна практика да се среќава со претставници од земјата кандидат за која се пишува извештајот (Македонија), а не политичари од соседите (Бугарија). Цел сум на нападите затоа што не попуштив на бугарскиот притисок, изјави Вајц. Тој на новинарот на „Политико“ му покажа неколку заканувачки пораки што ги добил откако неговиот телефонски број беше објавен на бугарските екстремно десничарски профили на социјалните мрежи.

Главниот проблем на бугарските политичари во овој извештај е признавањето на посебен македонски идентитет, и на ова ги додаваат правата на Бугарите во Македонија, нивна заштита од говор на омраза и злосторства од омраза, уставните промени и образовните реформи како услови за напредок.

Бугарските известувачи инсистираа во признавањето на посебен македонски идентитет во Македонија да се додаде „нов“.

Пред гласањето бугарскиот премиер се обидел да изврши притисок и врз претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола. Портпаролот на Мецола и бугарската влада не одговорија на барањето на новинарите да потврдат дека се случил таков телефонски повик.

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев рече дека писмото на бугарските европратеници било напишано како одговор на изјавите на премиерот на Македонија „кој во неколку последователни изјави самиот признава дека соработувал со известувачот во последните месеци“.

Канцеларијата на Вајц негира каква било конкретна соработка со македонската влада и велат дека е стандардно да се среќаваат претставници од земјата за која се однесува извештајот, а не од нејзиниот сосед.

Бугарските политичари прават сè што можат за да го побијат извештајот, рече Вајц, „вклучувајќи кампањи за клевета, лажни обвинувања за корупција, лажни обвинувања за пристрасност“. Клеветничките кампањи, рече тој, се обидуваат „да го забават процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ“.

 

INFO