Претседателката на државата, Гордaна Сиљановска-Давкова, денеска упати честитка по повод 2 Август – Денот на Републиката, оддавајќи почит на борбата за слобода и државност во Илинденското востание од 1903 година и заседанието на АСНОМ во 1944 година. Таа истакна Илинден е сржта, срцето и дужата на Македоснката државност.
„Драги сограѓани, Илинден е сржта на македонската историја. Илинден е срцето на македонската република, Илинден е душата на македонската државност. Илинден е тежок и прекрасен ден, ден на неизмерна тага и радост, но и ден на болка и гордост! 2 Август е денот на двата Илиндена: Крушевскиот којшто ја роди идејата за Републиката и асномскиот којшто ја оживотвори. Првиот беше искра, вториот пламен, првиот беше ослободителен крик и херојска епопеја, вториот беше државна конституција по победа.“ стои во првиот дел од честитката на Сиљановска-Давкова.
Претседателката на државата истакна дека Илинден е призната што тече, се пишува и допишувала со крв и солзи, но и порази и победи.