ВМРО-ДПМНЕ и Вреди со свои кандидати за градоначалник на Кичево

Лимани, актуелниот министер за социјала, е вториот министер од Вреди кој ќе биде кандидат за градоначалник. Изет Меџити, потпретседателот на Влдата, ќе бида кандидат за градоначалник на Чаир.

Опозициските СДСМ и ДУИ сѐ уште не објавиле кои би биле нивни кандидати за Кичево. Од ДУИ можно е тоа повторно да биде актуелниот градоначалник Фатмир Дехари. Но, за оваа функција се споменуваат и имињата на независниот Шкодран Алили и екс министрот за економија Крешник Бектеши, кој е еден од осомничените за трагедијата во Кочани.

Според информации од СДСМ можно е оваа партија да го поддржи Јовановски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Сепак, дел од раководството на партијата смета дека тие мора да понудат кандидат. СДСМ засега нема кандидати за градоначалници во Тетово, Гостивар, Сарај , Чаир…

INFO