Македонските пензионери во октомври ги очекува ново усогласување на пензиите, кое овојпат ќе се пресметува според законската процентуална методологија.
Според најавите, по пресметувањето на инфлацијата и растот на платите, септемвриските пензии би требало да се зголемат за околу 3 до 3,5 проценти. Исплатата на зголемените пензии е предвидена за 1 октомври.
За разлика од досегашните линеарни покачувања, процентуалното усогласување значи дека износот на зголемувањето ќе зависи од висината на пензијата.
Доколку конечниот процент на зголемување биде 3 проценти, пензионер кој сега прима 25.000 денари би добил 750 денари повеќе, односно пензијата би изнесувала 25.750 денари.
При истото зголемување, пресметката би изгледала вака:
Конечниот процент на усогласување ќе зависи од официјалните податоци и пресметката според законската методологија.
Покрај новото усогласување на пензиите, во периодот што следува се очекуваат и други измени поврзани со пензискиот систем, меѓу кои и предлог за можност за откуп на стаж за одредени категории граѓани.