ВМРО-ДПМНЕ потврди дека ги изгубиле изборите во Брвеница

ВМРО-ДПМНЕ чиј кандидат беше во трка за градоначалник на Брвеница вечерва призна дека победил кандидатот на ДУИ Аркин Јахији.

Победата на ДУИ, според генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, е резултат на гласовите од дијаспората.

Би сакал да им честитам на противниците кои остварија победа во овој изборен циклус. Некогаш против бројките не се може. Успеаја да донесат доволно луѓе однадвор кои не живеат тука, туку надвор од државата, но гласаа за ДУИ, изјави вечерва Ковачки.

Се чека со официјални информации да излезе Државната изборна комисија.