РКЕ ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ

Малопродажната цена на бензинот еуросупер БС-95 од полноќ се зголемува за 2 денари, еуродизел (Д-Е V) поскапува за 0,50, а екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 4 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на еуросупер БС – 95 ќе биде 75,50 денари, на еуродизел БС (Д-Е V) 67, а екстра лесното масло за домаќинство ќе се продава по 69 денари за литар.

Цената на еуросупер БС – 98 не се менува и останува 77,50 за литар. За 0,279 денари поскапува мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 36,808 денари.

Од 20.5.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 67,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 36,808 (денари/килограм).

INFO