Почна исплатата на социјалната помош и детскиот додаток

Исплатата на паричните права од социјална, детска и цивилна заштита за октомври 2026 година почна денеска, 5 ноември, соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Корисниците со дебитна картичка можат да подигнат готовина од банкомат, да плаќаат со картичка во продавниците или да ги користат средствата преку електронско и мобилно банкарство.

Корисниците што не користат картички можат да ги подигнат средствата на шалтер во отворените филијали и експозитури на банките.

…