МОН објави конкурс за 3.000 студентски стипендии: Кој може да добие 18.000 денари месечно?

Министерството за образование и наука објави конкурс за 3.000 студентски стипендии за студиската 2026/2027 година. Пријавувањето трае од 6 до 20 ноември 2026 година и се врши исклучиво електронски преку порталот за е-услуги на МОН.

Вкупниот број стипендии останува ист, но со новиот модел тие се распределени во три категории:

Стипендиите се исплаќаат девет месеци во годината. Од МОН информираат дека одделно е во тек и пријавувањето за 15 стипендии за студии по македонски јазик, како и конкурсот за поврат на средства за купен музички инструмент.

..