Кандидатот на ДУИ најверојатно е новиот градоначалник на Брвеница

Кандидатот на ДУИ Аркин Јахији е најверојатно новиот градоначалник на Брвеница. Неофицијалните информации од партиски извори покажуваат дека Јахији го победил неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ Стојанчо Радичевски во тесна битка за околу 200 до 300 гласа.

Сепак, се чека официјална потврда од Државната изборна комисија која ќе ги соопшти првичните резултати од денешното гласање во вториот круг.

Градоначалничкото место во Брвеница беше на ВМРО-ДПМНЕ до ненадејната смрт на Јовица Илиевски.

Пратеничката Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНе вечерва изјави дека Влен во Брвеница ја изиграл улогата на Тројански коњ.