Пелистер ја имаше таа “среќа“ новата сезона да ја започне кај својот најголем ривал, на гости кај Вардар во “Дербито на Македонија“. Во клубот од Битола, кој иако нема титула во изминатите 33 сезони, сепак важи за еден од најголемите во Македонија, ова лето се случија големи промени. Старата раководна гарнитура, во која беа легендите на клубот па и на мак-фудбалот, си заминаа а на нивно место дојдоа лица кои имаат нескриени амбиции. Како прво го зголемија буџетот кој сега е милионски за првпат во историјата на клубот. Можеби не успеаја осетно да се засилат, иако тука имиња како Спировски, кој и тоа како им се потребни на тимот.
Димитар Капинковски е старо – нов тренер на Пелистер и тој има за задача да ги оствари амбициите кои се стари, а тие се овој тим по подолга пауза да има видна улога во ПМФЛ.
Колку ќе може овој Пелистер тоа да го оствари, останува да се види. Во секој случај тешко на секој тим ќе му биде да дојде до бодови во Битола, тука нема дилеми.